Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 159.808 статии на македонски јазик и 355 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 20 март 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1602  Создадена е Холандската источноиндиска компанија
1616  Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор
1760  Избувнал голем пожар во Бостон.
1792  Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување
1815  Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз
1848  Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот
1861  Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина
1933  Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1956  Франција ја призна независноста на Тунис.
1991  Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш.
1991  По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992  Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996  Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996  Излезе првиот број на весникот „Дневник“.

Родени:

1497  Атахуалпа — последен владетел на Тавантинсују.
1725  Абдул Хамид Iотомански султан.
1770  Фридрих Хелдерлин — германски романтистички поет, еден од основоположниците на германскиот идеализам.
1811  Наполеон II — француски цар.
1828  Хенрик Ибзен — норвешки писател.
1875  Сингман Ри — прв претседател на Јужна Кореја.
1915  Свјатослав Рихтер — руски пијанист.
1945  Пат Рајли — американски кошаркар и тренер.
1952  Сами Шаќири — поранешен член на ОНА.
1955  Перихан Ејупи - Туна — македонска глумица.
1955  Васо Николовски — македонски поет.
1976  Честер Бенингтон — американски рок-пејач, член на групата Линкин парк.
1980  Џамал Крафорд — американски кошаркар.
1984  Фернандо Торес — шпански фудбалер.
1985  Тања Савиќ — српска пејачка.
1986  Бењат Инчаусти — шпански велосипедист.
1987  Емилија Атијас — аргентински модел.
1990  Маркос Рохо — аргентински фудбалер.

Починале:

1191  Климент IIIримски папа.
1413  Хенри IVанглиски крал.
1727  Исак Њутн — англиски физичар, математичар и астроном.
1894  Лајош Кошут — претедател на Кралството Унгарија.
1953  Грасилијано Рамос — бразилски писател.
1980  Волче Наумчески — македонски писател.
1988  Гил Еванс — канадски џез-пијанист и аранжер.
1990  Лав Јашин — руски и советски фудбалер.
2001  Хајредин Арифи — поранешен член на ОНА.
2015  Никола Јовановиќ — српски и југословенски глумец.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Лубеничарка (Capparis spinosa) во Националниот парк Ишкул, Тунис.
Дали сте знаеле...


Градските ѕидини и Македонската кула во Одрин
Градските ѕидини и Македонската кула во Одрин


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 159.808 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич